Почетна

✨ 190 ПРИКАЗНИ – СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ✨

Повик за учество во јубилејната книга

     Оваа учебна година нашето училиште ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Центар – Скопје со гордост одбележува 190 години постоење – 190 години знаење, љубопитност и пријателства.

По повод овој голем јубилеј подготвуваме јубилејна книга со наслов „190 приказни – Св. Кирил и Методиј“, во која ќе ги собереме сеќавањата, мислите и приказните на сите што биле дел од нашето училиште низ годините.

✨ 190 години спомени и гордост! ✨

Учениците со задоволство се потпишаа во јубилејната книга, станувајќи дел од нашата 190-годишна приказна.