Почитувани родители,
Ве известаме дека Општина Центар соработува со ИНС, и во рамки на таа соработка договорена е промена на линковите за упис во прво одделение во учебната 2026/2027 година за сите училишта во општината, за што училиштата се известени.
Линковите директираат кон ГИС Платформата, од каде корисниците ќе можат да пристапат кон пријавата за прво одделение.
Пријавите треба да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 29 мај 2026 година.
Исто така Ве информираме дека преку ГИС порталот на Општина Центар
( https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map), можете лесно да проверите дали вашето дете припаѓа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ според реонизацијата.
Со едноставна регистрација, во делот „Образование и реонизација“ ќе добиете точни информации врз основа на адресата на живеење. Оваа услуга овозможува брза проверка, без потреба од чекање и административни постапки.
За дополнителни информации, слободно обратете се до нашето училиште.
