Повик за учество во јубилејната книга
Оваа учебна година нашето училиште ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Центар – Скопје со гордост одбележува 190 години постоење – 190 години знаење, љубопитност и пријателства.
По повод овој голем јубилеј подготвуваме јубилејна книга со наслов „190 приказни – Св. Кирил и Методиј“, во која ќе ги собереме сеќавањата, мислите и приказните на сите што биле дел од нашето училиште низ годините.
🔹 Те покануваме и тебе да бидеш дел од оваа приказна!
Доколку си:
- бивш или сегашен ученик,
- наставник или вработен,
- родител, соработник или пријател на училиштето,
сподели со нас спомен, фотографија, мисла, песна, цртеж или кратка случка поврзана со училиштето.
📮 Твоите прилози можеш да ги испратиш најдоцна до 31 декември 2025 година на:
📧
📥 порака на нашата Фејсбук или Инстаграм страница,
Секој спомен е дел од иднината.
Заедно ја пишуваме историјата што не згаснува!
